Административна такса за дозволи со платежна картичка

Bez autora
Mar 03 2013

Македонските превозници можат од кое било место електронски да аплицираат за дозволи и со платежна картичка да ја платат административната такса за акти и документи кои ги издава Секторот за патен сообраќај во Министерството за транспорт и врски. Преку поставените ПОС терминали со платежни картички Виса, Мастеркард или други издадени од домашни банки, се плаќаат административни такси за поединечни транспортни дозволи за превоз на стока, ЦЕМТ дозволи, сертификати за возачи, за опасни материи, за управители и дозволи за превиз на патници. Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, граѓаните може да аплицираат за дозволи по електронски пат и со само едно доаѓање на местото на издавање на документите да ги завршат сите административцни процедури на многу поедноставен начин, без непотребно да трошат време.

Административна такса за дозволи со платежна картичкаМакедонските превозници можат од кое било место електронски да аплицираат за дозволи и со платежна картичка да ја платат административната такса за акти и документи кои ги издава Секторот за патен сообраќај во Министерството за транспорт и врски.

Преку поставените ПОС терминали со платежни картички Виса, Мастеркард или други издадени од домашни банки, се плаќаат административни такси за поединечни транспортни дозволи за превоз на стока, ЦЕМТ дозволи, сертификати за возачи, за опасни материи, за управители и дозволи за превиз на патници.

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, граѓаните може да аплицираат за дозволи по електронски пат и со само едно доаѓање на местото на издавање на документите да ги завршат сите административцни процедури на многу поедноставен начин, без непотребно да трошат време.

- Претходно кога некој превозник требаше да подигне дозвола доаѓаше во Министерството, гледаше колку дозволи му се одобрени. Потоа мораше да се врати во банка, да чека ред, да уплати, повторно да се врати во Министерството за транспорт и врски и да ја подигне дозволата. Со новиот систем се овозможува без оглед дали странката ќе аплицира во Министерството или претходно по електронски пат, автоматски да добие информација колку дозволи се добиени, плаќа со картичка и си ја подига дозволата - рече Јанакиески.

Тој најави дека од следниот четврток ќе се овозможат поедноставни услуги за превозниците и преку поставување виртуелен ПОС терминал.

- Транспортните компании ќе аплицираат од седиштата, системот автоматски да ги информира колку од бараните дозволи му се одобрени, ќе плаќа од седиштето, а овластен претставник ќе може да подигне дозволата од Министерството - појасни министерот за транспорт.

- Кога се работи за итни превози на храна, системот ќе овозможи многу брзо менаџирање на процесот на издавање дозволи. Тоа и претходно се правеше брзо, најчесто за еден ден, но сега дозвола ќе може да се издаде за неколку минути - посочи Јанакиески.

Билјана Муратовска од Здружението на превозници МАКАМТРАНС, оцени дека е голем чекор можноста со плаќањето со картички и аплицирањето и плаќањето за картичките од седиштето на фирмата.

- Не секогаш знаеме каде треба да одиме и планираме, а во оваа огромна конкуренција што ја имаме од превозници од Европа чекањето за дозвола значи и губење на работа - изјави Муратовска, укажувајќи дека поедноставените процедури за дозволи се особено значајни за превозниците од внатрешноста.

На годишно ниво се издаваат околу 70.000 поединечни транспортни дозволи, 4.000 сертификати, 1.000 лиценци за превоз на патници или стока и околу 500 дозволи за превоз на патници. Административната такса од 2007 година изнесува 300 денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik